Пет победи на последните пет натпревари забележа Манчестер Јунајтед откако во менаџерското столче седна норвешкиот стручњак, Оле Гунар Солскер. Со заминувањето на контроверзниот Жозе Мурињо, играчите повторно дишат мирно, а таквата констатација е најприметлива кај францускиот интернационалец Пол Погба кој беше во тивка војна со “специјалниот”.

Дека постоела голема нетрпеливост помеѓу Погба и Мурињо, потврди и братот на одличниот играч за врска, Матијас.
- Мурињо беше тој кој беше единствениот проблем. Жозе и понатаму сака да е во центарот на јавноста. Беше проблем и во соблекувалната, како и надвор од стадионот. Погба е таков и побара само да биде почитуван. Ако е почитуван, тогаш игра добро. Мора да ми верувате, мора да добие шанса, ќе одигра одлично, изјави Матијас.
Под водство на Солскер, Погба има статус на стандарден првотимец, а на последните пет натпревари постигна неколку погодоци и запиша три асистенции.