ФУДБАЛ

Мурињо: Дали се слушнав со Зидан? Прашај го тој зад тебе

Манчестер Јунајтед ќе ја пречека Валенсија во 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите и по тој повод се одржа прес-конференција на Олд Трафорд.

Повторно, во фокусот беше Жозе Мурињо, менаџерот на кој во последно време никако да му се сложат работите, а со Јунајтед очајно започна во Премиер Лигата, а натпревар со Валенсија може да биде можност за подобрување на ситуацијата.

На Мурињо поважно од дуелот со Валенсија, му е она што се пиши во англиските медиуми, кои тврдат дека тој ја завршил епизодата во клубот и ќе биде заменет до крајот на оваа недела. Најпрво го прашале дали разговарал со извршниот директор на Јунајтед.

“Ова се приватни работи, јас не те прашувам со кого разговараш”, рече Мурињо, а на прашањето дали се слушнал со Зидан, додаде:

“Прашај го тој зад тебе”, одговорил Мурињо и покажа кон новинарот на „Sun“.

“Мислам дека работата не ми е загрозена, правам се што можам за да ги подобрам работите, иако ми се чини дека поединци во тимот веруваат повеќе од некои други”, заклучи тој.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига