Најголемото засилување на Рома во овој преоден рок засега дефинитивно е Пауло Дибала.
Откако му истече договорот со Јувентус остана без клуб, го поврзуваа со Тотенхем, Интер и Милан, а на крајот заврши на Олимпико.
Желбата на Жозе Мурињо беше уште еден Аргентинец со искуство со играње во Серија А, Мауро Икарди, но од таа работа нема ништо.
Жозе Мурињо конкретно го побара овој трансфер и директно разговараше со новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос. Тој го известил Икарди, но играчот му рекол дека не сака да си замине, а причината е неговата плата.
Во Париз Икарди добива 12 милиони евра годишно, а во Рим би требало да ги намали побарувањата што не ги сака, пишува изданието Getfootbalnewsfrance.
Сепак, парижаните многу сакаат да го продадат, за да ја „кратат“ сумата што ја трошат за плати на играчите, но се чини дека нема да им биде така лесно да го продадат Икарди.
Во секој случај, Икарди е на списокот од 11 играчи кои ПСЖ сака да ги продаде ова лето.
За Икарди се интересираше и Јувентус, но и Монца, новиот член на Серија А, но неговиот одговор беше ист како и на Мурињо и Рома.
Мауро Икарди има уште две години од договорот со ПСЖ, што е исто така отежнувачка околност за клубот, но и за сите кои би го донеле во своите редови.