ФУДБАЛ

Мурињо до играчите по првото полувреме: Се срамам од вас!

Јувентус и Рома ги поделија бодовите во дербито од третото коло во Серија А, а конечниот резултат гласеше 1:1.

Јувентус беше фаворит на хартија, но ретко кој реши да ја отпише Рома предводена од Мурињо.

Сепак, одлично започна за домаќините, а стрелец беше никој друг туку одличниот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Рома во првото полувреме не можеше да направи апсолутно ништо, а само среќата ја спаси да не примат неколку голови.

До крајот на натпреварот успеаја да постигнат гол и да извлечат реми, но првото полувреме што го одиграа беше страшно.

За ова по натпреварот проговори и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

“Ве интересира што му кажав на мојот тим на полувремето. Им реков дека се срамам од нив. Се срамам што сум нивен тренер. Бевме толку среќни што не примивме повеќе голови”, изјави Мурињо. накратко.

По ова реми, Рома е многу подобра од Јувентус во поредокот. Тие се на четвртото место со седум бодови, исто колку и првопласираниот Лацио.

Од друга страна, по овој натпревар, Јувентус ја зазема седмата позиција со пет освоени бода од три одиграни натпревари.

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А