ФУДБАЛ

Мурињо доби 150 милиони евра за пет засилувања

Тотенхем ќе направи значителни промени во играчкиот кадар во текот на летото бидејќи очигледно заврши еден циклус и потребни се освежувања.

„Скај Спортс“ пренесува дека Жозе Мурињо сака да донесе шест нови фудбалери во лондонскиот клуб и ќе има буџет од 150 милиони евра. Прво и најзначајно ќе ја зајакне одбраната и средниот ред.

Атал (Ница), Џамал Луис (Норвич), Сабитцер (РБ Леизпиг), Едер Милитао (Реал Мадрид) и Џефри Кондогбија (Валенсија) се играчи избрани од португалскиот стручњак за зајакнување на својот тим.

Најскапите, по 40 милиони евра, би биле исплатени за Милитао и Сабитер, додека Норвич за Луис би добил 15 милиони евра.

Мурињо верува дека со Хари Кејн и Хјунг-Мин Сон имаат исклучително конкурентен напад, а во тој дел од тимот нема намера да смени ништо.

По историската сезона, минатата сезона и пласманот во финалето на ЛШ, на Тотенхем не му оди добро. Мурињо го наследи Маурицио Почетин поради лошите резултати. Во моментот на прекинот на шампионатот Тотенхем беше осми на табелата.