Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, а претходно ги тренираше Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија. Мурињо во својата тренерска кариера освои 25 клупски трофеи.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата да стане селектор на португалската фудбалска репрезентација, пренесува „Абола“.
Jose Mourinho set to meet with Portugal and 'the theme of the meeting is not a secret'https://t.co/J6ZvjTPmCj
— VCP Soccer (@VCPSoccer) December 22, 2022
Португалија моментално е без селектор, бидејќи Фернандо Сантош поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од репрезентацијата на Мароко.
Португалските медиуми тврдат дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Португалија, Фернандо Гомеш закажал средба со Мурињо, кој моментално е во својата татковина.
Тој во Португалија ќе остане до 26 декември, а состанокот ќе се одржи во следните неколку дена, по што ќе се знае дали Мурињо ќе прифати да биде нов селектор на оваа земја.