ФУДБАЛ

Мурињо договори размена на играчи: Големо засилување од Барселона пристигнува во Тотенхем

Неколку одлични размени со играчи нè очекуваат во следниот преоден рок, сите поради пандемијата на коронавирус, па клубовите се одлучуваат за овие потези.

Имено, покрај преговорите со Јувентус за размена на Артур и Пјаниќ, Барселона работи на друга размена.

Станува збор за пристигнувањето на Ндомбеле, кој се расправаше со Мурињо во Тотенхем, а големиот Бразилец Кутињо би тргнал за Лондон.

Неговата желба е да се врати во Англија, а Мурињо ја виде својата шанса таму и влезе во преговори со Барселона.

Значи, Мурињо, доколку се верува на англиските медиуми, ќе добие одлично засилување за следната сезона, и ќе се ослободи од играч кој не му одговара.

Ндомбеле од друга страна е одличен играч, но поради неговата врска со Мурињо не игра премногу, но сигурно е дека е добро засилување за Барселона.