Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо откри дека Бразилецот Роналдо е нај феноменалниот играч што го видел.
За време на интервјуто за „LiveScore“, тој зборуваше за најдобриот талент што го видел со свои очи.

„Роналдо беше феномен. Кристијано Роналдо и Лионел Меси имаат подолги кариери и се во првите редови веќе 15 години, но ако зборуваме само за талент и вештина, никој не го надминува Роналдо.
Кога бев во Барселона со Боби Робсон, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел досега. Повредата ја уби неговата кариера, но талентот на тој 19-годишник беше неверојатен“.