Мурињо по натпреварот изјави дека судијата изгледа е Шпанец, Тејлор додели 13 жолти картони, Рома тврди дека секоја одлука на Ентони Тејлор била во корист на Севиља. Италијанците беа поразени на пенали, а Жозе во свој стил му го подари медалот за второто место на навивач на својот клуб.
И отиде на паркингот.
Таму се соочи со судијата Тејлор, кого го пцуеше на италијански, како и со колегите, велејќи им на англиски дека се „Еб*на срамота“. Ова го повтори неколку пати, на крајот дојде дури и до минибусот што ги носеше судиите од „Пушкаш Арена“ и повтори дека тие се срам за фудбалот.
Не е прв пат, се сеќаваме дека го нападна судијата по натпреварот од Купот на кралот во Барселона кога беше на чело на Реал.
Од Рим, оправдано го критикуваат судијата, кој на крајот на судиското продолжение не го исклучи Коко Ламела, кој потоа погоди од белата точка во пенал рулетот. Дополнително, Тејлор го казни Пелегрини за симулирање во обид да изнуди пенал, но не успеа кога пеналот што го досуди беше „корегиран“ од ВАР просторијата. Тој ја промени одлуката, но Окампос, кој се фрли во шеснаесетникот, не беше предупреден.
Се на се, долго ќе се зборува во Рим за овој натпревар, а Севиља го слави седмиот трофеј во натпреварувањето.
