ФУДБАЛ

Мурињо го носи голгетерот од Србија во Тотенхем?

Еден од приоритетите на Жозе Мурињо за јануарскиот трансфер пероид е дефинитивно доведување на нов напаѓач.

Тотенхем неодамна го загуби својот најдобар стрелец, играч и капитен, Хари Кејн, поради повреда на лигаментите, а неговото враќање на теренот се очекува напролет.

Спарси ќе бидат принудени да играат голем број важни натпревари без клучниот фудбалер, а бидејќи во моментот немаат на располагање класичен напаѓач, има многу шпекулации во англиските медиуми за тоа кој би можел да пристигне во северен Лондон.

Неколку имиња се поврзани со Тотенхем, а наводно една од желбите на Мурињо е Александар Митровиќ, кој во моментов е првиот стрелец на шампионатот со 18 удари во Фулам.

„Митровиќ е висок, стабилен и ефикасен напаѓач. Тоа е токму она што му треба на Тотенхем“, пишуваат островските медиуми.

За услугите на Митровиќ беше заинтересиран Тотенхем, додека Маурицио Почетино беше на чело на клубот, а за неговите услуги исто така беа заинтересирани и Евертон и Вест Хем.