Трофејниот тренер Жозе Мурињо не сака да биде наследник на Силвињо. Според информациите, тој ја одбил понудата на францускиот тим Лион.
Причината е желбата да се врати и повторно да работи во Премиер лигата, односно Англија.
Португалецот ја следи ситуацијата во Тотенхем, бидејќи се поизвесно е дека Маурисио Покетино ќе добие отказ.
За потсетување, во понеделникот, Лион го отпушти тренерот Силвињо поради слаби резултати. Тимот по девет кола се наоѓа на 14.место со девет освоени бодови.