Јасно е дека Жозе Мурињо не сака во тимот да го има Деле Али. Фудбалерот кој минатата сезона беше една од ѕвездите на Тотенхем, оваа е во немилост на Португалецот. Добива минимална шанса, некогаш воопшто, па време е за разделба.
Сепак, според последните информации во јануари ќе му биде дозволено да замине, а како нова средина се спомнува Евертон. Карло Анчелоти сака да направи големи работи со овој клуб, па Деле Али добро би им дошол за овој проект.