Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо наводно сака да го продолжи договорот со Рома и да остане во Рим и покрај профитабилните понуди што ги има од Саудиска Арабија, пишува италијански „Ил Темпо“.
Мурињо во Рома пристигна во 2021 година и има договор до крајот на оваа сезона. Претходната сезона со Рома го освои премиерното издание на Конференциската лига, додека минатата сезона го одведе тимот до финалето на Лига Европа, во кое беше поразен од Севиља дури по слабото изведување на пенали. Оваа сезона целта е пласман во Лигата на шампионите, а има два начина – преку Серија А или Лига Европа. Рома лошо го започна италијанскиот шампионат и моментално е седма на табелата со 18 бодови од 12 натпревари.
Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажуваат навивачите и играчите. Затоа тој сега сака да изврши притисок врз челниците на клубот да го продолжат неговиот договор, бидејќи чувствува дека има незавршена работа со овој тим“, изјави извор близок до Ил Темпо.
Португалскиот стручњак на крајот од минатата сезона беше незадоволен од ситуацијата во клубот поради несоодветни засилувања, но во меѓувреме се предомисли. Италијанските медиуми пренесуваат дека конечниот збор дали Мурињо ќе остане во Рома ќе го даде претседателот на клубот Ден Фридкин.
Пред Рома, Мурињо ги водеше Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија.
Ја освои Лигата на шампионите како тренер на Порто и Интер.
