ФУДБАЛ

Мурињо имаше прогноза пред 10 години: Се што барам од навивачите на Реал Мадрид е да…

Лука Модриќ иако има 36 години и понатаму е моторот на тимот на Реал Мадрид.

Капитенот на хрватската репрезентација пристигна во Реал во 2012 година од Тотенхем, кога тренер беше Жозе Мурињо.

Секако, тој не се вклопи веднаш во тимот сто проценти и не го покажа она што го покажа години подоцна, но португалскиот тренер знаеше дека има скапоцен камен во рацете.

„Се што барам од навивачите на Реал Мадрид е да му дадат малку време на Лука Модриќ и да бидат трпеливи. Тој е толку добар што „Сантијаго Бернабеу“ ќе се заљуби во неговата класа“, изјави Мурињо за Модриќ во 2012 година.

Денес, десет години подоцна, гледаме дека Мурињо беше апсолутно во право.

Лука Модриќ со Реал Мадрид четири пати беше европски и светски шампион, двапати на врвот на Шпанија, со еден трофеј во Купот на Шпанија, четири трофеи во шпанскиот и три во Суперкупот на УЕФА.

За Реал Мадрид одигра вкупно 415 натпревари и постигна 30 гола со 66 асистенции. Во 2018 година Модриќ ја освои и Златната топка, со што ја прекина долгата линија меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Лука Модриќ кариерата ја започна во родниот Задар, во 2002 година се пресели во Динамо Загреб, а една сезона играше како позајмен во Зрињски и Интер од Запрешиќ. Во 2008 година се пресели во Тотенхем и потоа започна одлична кариера.

За хрватската репрезентација одигра 146 натпревари и постигна 20 гола, а најголем успех му е второто место на Светското првенство во Русија 2018 година.