Тотенхем вечерва игра против Бренфорд во полуфиналето од Лига купот. Изјавата на Жозе Мурињо во пресрет на овој меч изненади многумина. Како што вели тој, ова е најважниот меч откако тој седна на клупата на овој тим. Тотенхем во ова натпреварување чека трофеј од 2008-ма година.
-Сигурно најголемиот меч откако дојдов во Тотенхем. Без дилема. Со оглед на тоа колку долго Тотенхем не освоил ниту еден трофеј, полуфиналето во Лига купот секако е од голема важност за клубот. Единствено финалето е поважно од полуфиналето, изјави Мурињо.
Дуелот се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.