ФУДБАЛ

Мурињо ја забележува првата победа како тренер на Тотенхем

Жозе Мурињо успеа да го започне ново поглавје од неговата кариера како тренер, постигнувајќи победа од 3:2 како гостин во првиот натпревар како тренер на Тотенхем. Жртва на „Специјалниот“ во оваа пресметка беше Вест Хем.

Околу една година откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед поради поразот од 3:1 од Ливерпул, Жозе Мурињо ја започна својата кариера како тренер на Тотенхем откако од таа позиција беше отпуштен Маурисио Почетино.

Екипата на Мурињо доминираше во играта гледано од секој аспект.

Хјунг-Мин Сон го постигна првиот гол за Тотенхем во лондонското дерби во 36-та минута од натпреварот, а само седум минути подоцна асистираше за вториот гол на Тотенхем, овој пат го постигна Лукас Моура.

Тотенхем продолжи и второто полувреме на ист начин како што го завршија првото полувреме – постигнувајќи гол. Хари Кејн постигна за 3-0 во 49-та минута од натпреварот.

Во 73. минута Мајкл Антонио му даде надеж на домашната екипа со својот гол, а потоа и Анџело Огбона, но на крајот Мурињо и неговиот тим заминаа како победници.

Со освоени три бода, Тотенхем моментно се наоѓа на шестото место на табелата во Премиерлигата, со 17 поени од одиграни 13 натпревари.