ФУДБАЛ

Мурињо: Мбапе ме потсетува на Роналдо

„Стилот на игра и она што го прави во играта е посебен“

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го спореди напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со бразилската легенда Роналдо Назарио.

Мбапе е во одлична форма и оваа сезона го собори рекордот на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, станувајќи најмладиот играч кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите.

Португалскиот техничар изјави дека квалитетите на Французинот се неверојатни.

„Стилот на игра и она што го прави во играта е единствен. Кога ги разгледува неговите квалитети, сфаќа дека е различен од другите. Единствениот играч со кој може да се спореди е Роналдо Назарио. Тие се уникатни играчи. Кога играте против нив, треба да се плашите“ , рече тој.

Мбапе минатата сезона имаше најмногу голови во Лига 1, вкупно 33, додека оваа сезона постигна пет.