Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека неговиот тим никогаш нема да биде крал на милиони трансфери во текот на преодниот рок. Португалскиот тренер вели дека нема да направи големи набавки во јануари.
Ова лето, екипата на „Спарс“ направи неколку аквизиции, како што се Танги Ндомбеле, Рајан Сесегон, Џовани Ло Селсо и ек Кларк.
„Сега сум тренер на Тотенхем, го знам профилот на клубот, го знам неговиот проект и визија, неговите цели и исто така знам дека во јануарскиот преоден рок нема да правиме големи набавки“, рече Мурињо.
„Имаме некои играчи на кои ќе се прилагодиме правилно. Никогаш нема да бидеме кралеви на трансферите, да таргетираат големи играчи или да се натпреваруваат со други клубови. Ќе делуваме интелигентно. Среќен сум со играчите што ги имам“, рече Мурињо.