ФУДБАЛ

Мурињо: Можеби овој бод е пресуден

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со Валенсија одигра 0:0 и ова сигурно не е резултат кој ќе го задоволи некој од овој клуб.

Јунајтед продолжи со лоши резултати, а особено лошо беше играта која ја прикажаа избраниците на Жозе Мурињо.

“Тврда и тешка игра, квалитетен противник. Милам дека можевме да победиме, но мислам дека не можевме да загубиме. Не се плашев од губење поради начинот на кој играше тимот”, изјави Мурињо за клупската телевизија веднаш по натпреварот.

Последен пат Јунајтед славеше на 19 септември против Јанг Бојс во првото коло на Лигата на шампионите.

“Имавме многу шанси. Некои добри, погодена статива, не бевме далеку од постигнување на гол. Мислам дека момците тоа го заслужуваат. Но и освоен бод без постигнат гол може да биде значителен. Ќе видиме што не чека, можеби овој бод е пресуден”, додаде Португалецот.