ФУДБАЛ

Мурињо: Не сакам да зборувам со шпански новинари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо јасно ги негираше шпекулациите дека може да се врати на клупата на Реал Мадрид и да го наследи Јулен Лопетеги.

Португалецот, наводно, е еден од кандидатите за преземање на Реал, кој е во серија лоши резултати, но Мурињо тврди дека нема ништо од тоа.

“Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот, па дури и повеќе од тоа”, беше јасен Мурињо, кој доби и прашање што мисли за наводната средба Пол Погба со Кристијано Роналдо и неговиот поранешен тренер Масимилијано Алегри:

“Не сакам да зборувам за Погба, ниту за играчите поединечно. Со шпански новинари, секако, не сакам да зборувам, бидејќи тие се заинтересирани само во Реал Мадрид и Роналдо.”

Манчестер Јунајтед ќе ги измери силите со Јувентус утре во третото коло од Лигата на Шампионите. Натпреварот ќе се одигра на Олд Трафорд со почеток во 21 часот.