Жозе Мурињо призна дека бил шокиран од веста дека Диего Марадона починал.
Марадона почина вчера во својот дом на 60 година и оваа вест жестоко го потресе фудбалскиот свет.
Синоќа еден од првите што објави на Инстаграм беше Жозе Мурињо, кој рече дека веста дека Марадона починал го шокирала затоа што бил многу добар пријател со него.
“Таму е Марадона и тука е Диего. Марадона беше сè што можеше да се види во јавноста, од фудбал до други работи. Диего беше поинаков и имаше навистина огромно срце. Можам да кажам дека тој беше мој пријател затоа што често се слушавме на телефон и се сретнавме“, рече Мурињо и продолжува.
“Кога ни недостасува Марадона, можеме да гугламе и да се сетиме на неговата магија, но не можеме да го вратиме Диего назад и тој човек најмногу ми недостига. Денес во соблекувалната им раскажав на момчињата приказни за него и моментите што ги поминавме. Ќе ми недостигаат повиците кои секогаш доаѓаа, најмногу по порази и никогаш по победи. Тој знаеше дека по победи не ми треба повик, но по тешки моменти и порази тој секогаш беше тука за мене. Во такви моменти тој секогаш ми велеше: “Не заборавај дека си најдобриот на светот”, најмногу ни недостасува, мој Диего “.