Долгото чекање може да заврши овој викенд.
Герет Бејл конечно би може да дебитира за Тотенхем.
Велшанецот тренираше многу во последните недели на паузата поради репрезентативните натпревари и има можност да се врати на терените во недела против Вест Хем Јунајтед.
Сепак, Жозе Мурињо вели дека нема да го ризикува 31-годишникот.
„Герет е тука да му помогне на тимот, но ние исто така ќе се грижиме за него. Одлуката што ќе ја донесеме ќе биде за доброто на тимот, но исто така и за негово добро“, рече Мурињо.
„За него е многу важно да биде среќен, да има позитивна сезона. Мислам дека ова е важно во овој момент од мојата кариера.“
Бејл (31) се приклучи на Тотенхем на позајмица од Реал Мадрид во септември, но се уште нема одиграно ниту една минута поради повреда.