ФУДБАЛ

Мурињо нема доживеано поголемо понижување во кариерата од вечерва во Норвешка

Екипата на Рома доживеа вистински дебакл вечерва на гостувањето против екипата на Бодо Глимт, каде беше поразена со 6:1.

Екипата на Жозе Мурињо беше целосно поразена и Волчицата прими дури шест гола на овој натпревар.

Дека римскиот тим нема добро да се забавува во Норвешка можеше да се насети по само 20 минути игра. Домашните поведоа со 2-0 со головите на Ботием и Берг.

Перез погоди за 2:1 во 28. минута и се чинеше дека Рома се враќа, но во вториот дел стигна целосен дебакл на Мурињо и тимот.

Ботјем погоди за 3:1 во 52. минута, а потоа ги погодија Солбакен, Пелегрино и уште еднаш Ботјем за нереални 6:1.

Навистина невидена катастрофа за тимот на Жозе Мурињо која веројатно никогаш не ја доживеал.