Жозе Мурињо го однесе Тотенхем во финалето на Купот Карабао.
Па Мурињо ќе има шанса да ги однесе Спарс до трофејот по 13 години, а во финалето ќе играат со победникот од мечот меѓу градските ривали Јунајтед и Сити.
Интересна сцена се случи синоќа по натпреварот кога Жозе даде изјава за медиумите. Тој истакна дека неговиот тим одигра одличен натпревар, но дека противникот имаше опасни продори по десната страна.
Еден таков чекор напред можеше да доведе до пенал за Брентфорд, но Мбуемо реши да не падне во казнениот простор пред Давинсон Санчез.
„Добрата работа е што Санчез не ги допре противничките играчи и тој човек реши да не го прави она што го прават некои други“, рече Жозе, посочувајќи на пад во казнениот простор и алудирајќи на пеналите што му се досудени на Манчестер Јунајтед.
https://twitter.com/FootyNews2021/status/1346589294039883781