Контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Тоби Алдервилд.
Португалскиот стручњак е убеден дека Белгиецот е решение за сите дефанзивни проблеми кои ги има во актуелната сезона и поради таа причина, “специјалниот” во живо го следеше дуелот од Лигата на нации помеѓу репрезентативците на Белгија и Исланд.
Големата желба на Мурињо може да стане реалност веќе во јануари само доколку официјалната понуда за Алдервилд не биде помала од 80 мил. фунти.