ФУДБАЛ

Мурињо побарал да се замени едниот гол бидејќи бил помал

Голманите на Тотенхем, пред натпреварот забележаа дека едниот гол бил помал, а Жозе Мурињо веднаш реагираше, по што официјалните лица на УЕФА ја потврдиле забелешката.

„Голманите ми рекоа дека едниот од головите е помал и навистина беше така. Го известивме делегатот и по мерењето на официјалните лица од УЕФА беше утврдено дека е пократок за околу десет сантиметри. Баравме да се промени и да се донесе гол со точна димензија, што и се случи“, објасни Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.

ФОТО: sport1.mk