ФУДБАЛ

Мурињо: Погба не побара трансфер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, стави крај на гласините дека Пол Погба може да го напушти Олд Трафорд.

Во минатиот трансфер период имаше многу шпекулации за иднината на Погба. Барселона беше следната дестинација, а целата приказна беше придружена со информации дека францускиот фудбалер е несреќен во Манчестер Јунајтед и дека тој самиот побара трансфер.

Според Мурињо, ситуацијата е многу поинаква од медиумските натписи.

“Погба се вратил во неделата пред почетокот на лигата. Скоро два месеци е тука и никогаш не ми кажа дека сака да оди. А ако не сака да оди, тоа значи дека сака да остане, едноставно … “, рече Мурињо.