Во самиот финиш Дејвид Де Геа го спаси Манчестер Јунајтед со фантастична одбрана на шутот на стоперот, Кристијан Кабаселе од Ватфорд, па така неговиот тим можеше да дојде до важна победа.
Ватфорд во првите четири кола постигна четири победи, но во петтото коло како домаќин беше поразен од Јунајтед и Жозе Мурињо е среќен бидејќи неговиот состав покажа карактер и ја запиша третата победа во Премиер лигата.
Воодушевен од Де Геа беше тренерот и на Ватфорд, Хавиер Гарсија, кој рече:
“Нерешено ќе беше добар резултат за нас и имавме одлични шанси на крајот, но Де Геа беше неверојатен”.
“Јас сум среќен со трите поени и духот на тимот, специфични детали кога Лукаку истрча 50 метри за да се лизна во последните минути од мечот, но имавме се во првата половина и бевме во можност да го решиме натпреварот. Ако игравме во второто полувреме како финишот на првото пулувреме, би можеле да добиеме 4:0 “, рече Мурињо.
Во средата Јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите е домаќин на Јанг Бојс во Берн, а следниот викенд во игра во Премиер лигата против Вулверхемптон на Олд Трафорд.