ФУДБАЛ

Мурињо помина покрај Артета, а изразот на лицето стана хит на социјалните мрежи (ФОТО)

Фудбалерите на Арсенал вечерва го совладаа Тотенхем на домашен терен по пресврт од 2-1.

Тотенхем поведе по магијата на Ерик Ламела кој постигна прекрасен гол, но Арсенал успеа да го сврти натпреварот до крајот со головите на Одегард и Лаказет.

Микел Артета со тоа ја прекина серијата порази од екипи предводени од Жозе Мурињо и успеа да го совлада португалскиот стручњак за прв пат.

Шпанецот беше многу среќен поради тоа по натпреварот, а камерите успеаја да го фатат и тоа.

Еден од фоторепортерите успеа да го овековечи моментот кога Мурињо минуваше покрај Артета, а тој гледаше во него и не можеше да ја сокрие насмевката поради победата.