ФУДБАЛ

Мурињо повторно во центарот на вниманието: Средбата со Станковиќ беше посебна

Рома во десеттото коло од Серија А го забележа седмиот триумф сезонава.

Во многу тежок натпревар, Волчицата победи на гостувањето кај Сампдорија со резултат 0:1.

Решавачкиот гол падна во деветтата минута кога Пелегрини погоди од пенал.

Сепак, славата на овој натпревар ја подигнаа Жозе Мурињо и Дејан Станковиќ, тренери на Рома и Самподрија.

Станковиќ дојде во Сампа затоа што во многу незгоден момент тимот игра лошо и борбата за опстанок е неизбежна како што стојат работите, додека Мурињо и Рома се на врвот на табелата, а Волчицата би можела да се бори за место во Лигата на шампионите до крајот на сезоната.

По натпреварот, Моруињо му пријде на Станковиќ, му честиташе и го прегрна топло, а нивната средба веднаш стана ударна вест на социјалните мрежи кои ја следат Серија А и пошироко.

Паднаа неколку зборови, а што му рекол Мурињо на Станковиќ тешко ќе дознаеме.

Очигледно е дека Дејан Станковиќ е почитуван ширум Италија, како фудбалер кој остави длабока трага на Апенините, а каква ќе биде неговата судбина како тренер, ќе видиме.

Рома е четврта со 22 бода, додека Самподрија е зад Фенербахче со само три бода и се уште е без триумф во новата сезона.

Во следното коло Рома во дербито ќе го пречека лидерот Наполи, додека Сампдорија во дербито ќе му гостува на Кремонезе, а тоа ќе биде дуел на две екипи кои се единствените без триумф во новата сезона.

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А