Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, зборуваше за наводната понуда на Интер за играчот од средниот ред Кристијан Ериксен.
Интер е силно поврзан со Ериксен, кој тој планира да го донесе оваа зима, иако договорот на играчот со лондонскиот клуб истекува во текот на летото.
„Прашајте го менаџерот и Интер, бидејќи тие знаат повеќе од мене. Тие сè уште не ни испратија понуда“, рече Мурињо.
Ериксен одигра 18 од 22 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.
„Ериксен дава се од себе и нормално е дека не е целосно фокусиран до 31 јануари. Тоа е нормална последица на целата ситуација. Луѓето велат во неколку натпревари дека тој го игра последниот натпревар за Тотенхем, а тој играше против Ватфорд”, беше јасен Жозе.
Тој исто така призна дека на неговиот тим му треба напаѓач и дека клубот ќе се обиде да донесе нов играч во нападот.