Португалскиот селектор Жозе Мурињо се враќа на „Олд Трафорд“ утре вечер но како тренер на Тотенхем.
Овие две екипи ќе играат еден од дерби натпреварите од 15-то коло од Премиер лигата, при што Мурињо го кажа следново пред натпреварот:
„Ми се допаѓаат големи натпревари. Сакам да играм против најдобрите тимови и тоа е најважното. Враќањето на „Олд Трафорд“ е враќање на место каде што бев среќен, можам да го кажам тоа. Имам одличен однос со навивачите. Бев таму како професионален консултант и ми се допадна видот на прекрасен прием што ми го понудија. Во среда се враќам како тренер на тим кој се обидува да го победи Јунајтед и тоа ми дава поинаква перспектива“, рече Мурињо.
Тој додава дека Јунајтед е затворено поглавје за него:
„Јунајтед е затворено поглавје за мене. Јас го напуштив клубот и ми требаше време да разберам сè што се случи. Јас се подготвував за нов предизвик, искрено Јунајтед сега е во мојата книга на историја. За вас е како да го напуштив Јунајтед вчера, но не е така, помина скоро една година. Јас сум во Тотенхем, ако зборуваме за Јунајтед, ајде да зборуваме за Јунајтед како противник“.
Тој се осврна на сезоната на Јунајтед која е многу лоша засега, но според него може да се спаси.
„Постојат работи што можат да ги направат оваа сезона. Тие можат да ја освојат Лигата на Европа. Се квалификуваа во нокаут-фазата. Можат да го освојат Лига Купот и ФА Купот. Го имаат Вулфс за противник. Тие можат да ги постигнат тие цели“, вели Мурињо.
Инаку, Мурињо го водеше Тотенхем на три натпревари досега и оствари три победи.
Средбата Манчестер Јунајтед – Тотенхем е закажана за утре во 20.30 часот.