Жозе Мурињо е во преговори за враќање во Бенфика како нивен нов главен тренер. 62-годишникот беше отпуштен минатиот месец од Фенербахче по нешто повеќе од една година на чело на турскиот клуб, но би можел брзо да се врати на чело на клубот кој кратко време го предводеше помеѓу септември и декември 2000 година.
Португалецот е во преговори да го замени Бруно Лаге во Бенфика, откако тој беше отпуштен по шокантниот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите во вторникот од Карабаг од Азербејџан (2:3).
