ФУДБАЛ

Мурињо проговори по отказот и ги насмеа сите: „Ова е мојот живот…“ (ВИДЕО)

Тотенхем вчера објави дека Жозе Мурињо повеќе не е тренер на овој клуб.

Челниците на лондонскиот клуб решија да му врачат отказ на португалскиот стручњак бидејќи не се задоволни од резултатите на овој тим. Тотенхем не блеска баш најдобро оваа сезона, и на крајот беше одлучено дека е најдобро Мурињо да ја напушти тренерската позиција.

Тотенхем вчера објави дека Мурињо повеќе не е тренер на овој клуб, што ги изненади сите, но се чини дека Специјалниот не е навистина потресен од оваа одлука на предводникот на лондонскиот клуб.

Мурињо се огласи на Инстаграм преку кратко време откако веста беше потврдена дека е отпуштен и насмеа многумина. Тој покажа дека новинарите веќе се собрале околу неговата куќа и дека тој едноставно не може да „дише“ од нив.

Секако, сите ја чекаа првата реакција на Мурињо, а тој покажа дека не ја изгубил смисла за хумор, иако повторно доби отказ.

“Не ми дозволуваат да ја имам мојата приватност. Дури и мојот пријател Гери и тој ме малтретира. Тоа е мојот живот”, објави Мурињо на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Сепак, јасно е дека Мурињо не жали премногу што бил отпуштен во Тотенхем затоа што ќе добие неверојатна отштета поради која не мора да работи до крајот на животот ако не сака.

Имено, англиските медиуми објавија дека Мурињо ќе добие отштета од околу 30 милиони фунти бидејќи договорот бил раскинат на негова штета. Ова значи дека овој стручњак инкасираше скоро 100 милиони фунти од неговите претходни отпуштања во кариерата.

Исто така, вчера се појави вест дека Мурињо бил отпуштен затоа што се спротивставил на одлуката на Тотенхем да биде дел од Суперлигата, но на крајот се покажа дека тоа не се точни информации.

Јасно беше објаснето дека Мурињо доби отказ само поради лошите резултати и дека неговата позиција во Суперлигата воопшто не е причина за тоа.

Португалецот е менаџер на Тотенхем од ноември 2019 година, а тој го водеше тимот на 86 натпревари. Тој славеше 45 натпревари, беше поразен на 24 натпревари, додека во 17 наврати неговиот тим ремизираше.

Во наредниот период, барем до назначувањето на нов менаџер, тимот ќе го води Рајан Мејсон. Инаку, британските медиуми објавија дека тренерот на РБ Лајпциг, Нагелсман е првиот кандидат за наследник на Мурињо.