Жозе Мурињо беше назначен за нов тренер на Рома во вторникот, но од следната сезона.
Португалскиот стручњак веќе ги одбра играчите кои би сакал да ги води следната сезона во Рома, и на тој список додаде уште едно име. Станува збор за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.
Португалскиот стручњак го водеше Србинот додека беше тренер на Челзи и Јунајтед, а дали ќе го води во третиот клуб останува да видиме. Се разбира, сè е сè уште на ниво на шпекулации.
Покрај Матиќ, медиумите претходно пишуваа дека Мурињо би сакал во својот нов тим да ги види Хуан Мата, Хојберг, Аке и шпанскиот голман Давид Де Геа.