ФУДБАЛ

Мурињо суспендиран на два натпревари

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е суспендиран на два натпревари во Серија А, бидејќи недолично му се обратил на судијата против Верона.

Мурињо му гестикулираше на судијата Лука Паирет преку телефон. Тоа е јасна асоцијација за аферата Калчополи, во која биле поврзани таткото на судијата, исто така делител на правдата Пјерлуиџи Паирет, и Лучијано Моџи, поранешниот прв човек на Јувентус, кој наводно го нарекол Паирет постариот.

Покрај Мурињо, кој и по натпреварот во тунелот го продолжи дуелот со Парето, казнети се уште двајца членови на стручниот штаб на Рома, како и спортскиот директор на Волчицата, Тијаго Пинто. Мурињо е казнет и со 20.000 евра.

Инаку, оваа суспензија доаѓа во симболичен момент, точно 12 години откако Мурињо беше суспендиран и во Серија А. Но потоа го предводеше Интер против Сампдорија и му гестикулираше на судијата дека треба да носи лисици, бидејќи исклучи двајца играчи на Интер.

ПОВРЗАНО

Серија А