ФУДБАЛ

Мурињо уште на првиот тренинг ги воодушеви фановите на Тотенхем (ВИДЕО)

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо пред неколку дена официјално беше претставен за нов тренер на Тотенхем.

Мурињо денеска ќе го направи своето деби на клупата на лондонскиот клуб со неговиот тим во посета на Вест Хем.

Иако отказот на Почетино ги шокираше навивачите на Тотенхем, тие веруваат дека Мурињо може да донесе нешто ново во играта на овој тим.

Португалецот ја имаше својата прва тренинг сесија со тимот на Тотенхем во средата и беше запознат со играчите. Лондонскиот клуб објави видео од овој тренинг кој ги воодушеви фановите.

Поточно, тој покажа дека нема да се прави разлика помеѓу играчите без разлика што смета некој од нив дека е поголема ѕвезда. Неговиот пристап кон тренингот и неговата врска со играчите, откако тој само ги запозна, ги воодушеви фановите на клубот.