Дербито од 10-тото коло на Премиер лигата ќе го одигра третопласираниот Челзи и првопласираниот Тотенхем.
Овој дуел е интересен и со оглед на тоа што на клупата на Тотенхем седи човек кој е испишан со златни букви во историјата на сините, Жозе Мурињо.
Токму Мурињо зборуваше за овој натпревар денес, и истакна дека неговиот поранешен клуб има одличен тим.
“Не е важно дали ќе дојдеме на „Стемфорд Бриџ” прв или зад Ливерпул, тоа не менува ништо за нас. Зборувам од почетокот на сезоната, само сакаме да победиме на секој следен натпревар и ништо повеќе”, изјави Мурињо и додаде:
“Сè е можно во дуел со Челзи. Ние сме долго време во фудбалот и знаеме дека сè е можно, но нашата цел е да победиме. Челзи има неверојатен тим. Воопшто не се замарам кој ќе игра затоа што има навистина добри играчи”.