Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност поради својата објава на Инстаграм.
Мурињо минатата година го отвори својот профил на Инстаграм и вообичаено го користи за објавување на некои комични ситуации кои му се случуваат, но овој пат реши малку да е сериозен.
Португалскиот стручњак привлече големо внимание кај италијанската јавност бидејќи со својата објава некако алудираше на тоа дека судиите многу судат во корист на Јувентус.
Тој објави две фотографии и на двете се гледаат пенали на стадионот Алијанц во Торино. Првата фотографија е од натпреварот Јувентус – Рома кој Јуве го доби со 1:0, а во центарот на вниманието беше пеналот на Веретут од финишот на првиот дел.
Тогаш играчот на Рома постигна гол за 1:1, но судиите решија да го поништат бидејќи играчите втрчаа во шеснаесетникот пред да треба. Веретут во повторен обид не постигна гол.
Втората фотографија е од натпреварот Јувентус – Зенит кој се одигра во вторникот, а клубот од Торино славеше со 4:2.
Во центарот на вниманието беше пеналот на Пол Дибала, кој погоди за 2:1, а истата ситуација се случи играчите прерано втрчаа во шеснаесетникот, но овојпат голот на Старата дама не беше поништен, а пеналот не се повтори.
Ова очигледно го налути Мурињо кој реши да објави на Инстаграм и со овие фотографии рече: „Едниот пенал мораше да се повтори, а другиот не. Погодете кој не …“.
View this post on Instagram