ФУДБАЛ

Мурињо: Злочин е што в сабота повторно ќе бидеме на теренот

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е разочаран од тесниот распоред во англиската Премиер лигата.

Само два дена по победата над Брајтон со 2:1, Тотенхем повторно ќе излезат на теренот. Тие утре играат против Норвич, а Мурињо се пожали за тоа.

„Злочин е што ќе се вратиме на терен за два дена. Тоа е против секој закон за психологија, биологија, биохемија“, рече Мурињо.

Инаку, по саботниот судир против Норвич, Тотенхем е повторно на теренот и игра против Саутемптон во среда.

Тоа значи дека Тотенхем ќе одигра три натпревари во Премиер лигата за само шест дена. Се разбира, не само тие, туку и сите други екипи од Англија.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига