Џамал Мусиала одлучи во иднина да игра за репрезентацијата на Германија.
Талентираниот фудбалер, кој ќе наполни 18 години за неколку дена, ќе ја прифати поканата на Јоаким Лев и ќе дебитира за репрезентацијата на Германија во март.
Во помлади категории Мусиала играше за Англија, а одлуката за промена на репрезентацијата ја донесе тој.
“Имам германско и англиско срце и двете работат. Размислував многу за ова. Размислував што е најдобро за мојата иднина, каде имам повеќе шанси да играм и на крајот решив да го послушам чувството што долго време ми зборуваше дека Германија е вистинската одлука. Тоа е земјата во која сум роден, но одлуката не беше лесна. Јас не би бил тука без Челзи и Фудбалскиот сојуз на Англија. Тие ме направија ова што сум денес“, рече младиот човек.
Баерн претходно најави дека ќе го продолжи договорот со Мусиал. Сè е подготвено за потпишување до 2026 година и треба да се направи до крајот на неделава.