Галатасарај денеска беше поразен од Сиваспор со 1-0 во натпреварот од турското првенство.
Турскиот великан доживеа нов пораз, а единствениот гол на натпреварот за конечни 1:0 беше постигнат во 81. минута на бизарен начин.
Искусниот голман на гостите од Истанбул, Фернандо Муслера се судри со еден од соиграчите. И додека лежеше на тревата и викаше од болка, фудбалерите на Сиваспор ја продолжија акцијата и на крајот ја затресоа мрежата.
https://twitter.com/anindaizle0/status/1470436617601138691
Дефинитивно немаше фер-плеј, но повеќето би го направиле истото во оваа ситуација, а да потсетиме и Давид Де Геа неодамна прими гол на сличен начин на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Несреќниот Муслера по голот беше изнесен на носилки и подоцна ќе му биде укажана помош. Дефинитивно еден сака што побрзо да го заборави овој ден…
1 gol her şeyden önemli mi ?Her şeyden önemli olan Karakterdir.
Geçmiş olsun Muslera 🙏 pic.twitter.com/8Mhk2X3mCB— İsmail Kiracıoğlu (@ismail_krcgl) December 13, 2021