ФУДБАЛ

Мустафи: Артета е како професор

Според Германецот, Шкодран Мустафи тренерот на Арсенал е како професор.

Причината за ова е што во секој момент Шпанецот точно знае што сака од играчите.

Централниот дефанзивец тврди дека научил многу нови работи од Артета, и покрај тоа што поранешниот играч од средниот ред за прв пат влезе во улогата на менаџер.

„Тој е како професор. Тој точно знае каде сака играчите да ја контролираат топката и како да реагираат кога ќе ја загубат. Тој е многу посебен. Кога подавам, обично сум фокусиран на тоа каде треба да бидам ако изгубиме посед на топката, но тој сака и јас да придонесам офанзивно. Кога сте на 28 години и игравте во различни земји под различни тренери, мислите дека знаете сè. Но, тогаш тој се појави и научив работи што никогаш не сум ги знаел до моментот“, рече Мустафи.