МЗТ Скопје успеја да стигне до вториот триумф во „балонот“ на АБА2 Лигата на турнирот на Златибор, откако го совлада составот на Широки со 73-80.
Аеродромци овој пат потфрлија во играта под обрачот каде тимот од Мостар забележа 39 скока од кои 12 офанзивни, наспротив 25 на „сино-белите“, но доброто искористување на грешките на противникот (22), пред се предизвикaни од добрата одбрана беа доволни за нов триумф, втор во низа.
Ова беше втор триумф за аеродромци во третиот меч, а четврти во низа за претставниците од нашата земја во оваа јадранска конкуренција земајќи в предвид и двете победи на Работнички.
На табелата води Студентски Центар од Црна Гора со максимални шест бода, пред Спарс Сараево, МЗТ, Слобода, Подгорица и Работнички кои имаат по пет. Аеродромци својот четврти меч ќе го имаат на 18 ноември против Борац Бања Лука.
В понеделник од 21.00 часот Работнички ќе го игра својот последен четврти меч во „балонот“ на Златибор. За противник, Димитар Мираковски и неговите играчи го имаат амбициозниот Младост од Земун.