МЗТ Скопје направи вонредно тестирање откако се појави Ковид 19 во нивниот тим. Според новите тестови сите се негативни, само еден позитивен.
Ова е целото соопштение на МЗТ Скопје.
По вчерашната информација за позитивен тест на член на нашиот стручен штаб, управата утринава организира итно тестирање на сите кошаркари, тренери и друг персонал, со цел да се утврди дали уште некој е носител на коронавирусот.
Предмалку ги добивме резултатите, кои велат дека сите 22-ца тестирани се негативни на Ковид-19, што значи дека остануваме само на еден позитивен, кој веднаш по појавата на првите симптоми е во изолација.
МЗТ Скопје Аеродром останува во контакт со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, како и при максимално придржување на мерките на безбедност, кои предвидуваат редовна хигиена, држење дистанца и носење заштитна маска.