Хулијан Алварез е момче за кое особено се зборува по Светското првенство.
Откако Лаутаро Мартинез не успеа против Саудиска Арабија, Алварез доби шанса која ја искористи и беше стартер во преостанатиот дел од турнирот, на кој возврати со четири гола.
Алварез имаше голем удел во походот кон светскиот трон, кој иако има само 22 години, веќе е на прагот на историјата.
Пред да дојде во Манчестер Сити ги освои Копа Либертадорес и Копа Америка, лани иако речиси и да немаше минутажа, го крена трофејот со победата над Бразил на „Маракана“.
Алварез сега го освои Светското првенство и му е потребна само Лигата на шампионите за да ги освои четирите најважни трофеи и со тоа да стане првиот Аргентинец на кого тоа му успеало.
Лионел Меси навистина ги освои сите можни трофеи во европскиот фудбал, со Аргентина ги освои и Светското првенство, Олимписките игри, Копа Америка и Мундијалито, но немаше можност да го подигне трофејот во Копа Либертадорес.