Денеска се одржа ждрепката за Лигата на нации.
Македонија е во Лига Ц, Група4, заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Буграскиот селектор, Јасен Петров по завршувањето на ждрпката изјави дека е задоволен од исходот и дека целта е првото место во групата.
„За мене, ждрепката е исклучително добра. Не треба да потцениме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, нашата цел е да бидеме први во групата. Имаме почит за секој противник. Ќе играме четири натпревари едно по друго, што ќе биде предизвик за нас, но ние сме подготвени за се“, изјави селекторот Петров.