Френк Лампард смета дека Челзи нема доволно безмилосни напаѓачи пред голот, и покрај импресивната победа од 3:0 над Моркемб во третото коло од ФА купот во неделата.
Лампард го искористи тој натпревар како вежба за да ја изгради самодовербата на тимот со избирање силна почетна постава против клубот од четврто ниво на англискиот фудбал
Тимо Вернер погоди по цели 13 натпревари, а Каи Хаверц ја заврши серијата од 15 натпревари без погодок.
Германското дуо, кое го чинеше клубот многу на лето, го помина овој крајно негативен учинок во време кога клубот доживеа слаба форма, победувајќи само на еден од последните шест натпревари во лигата.
Тренерот Лампард по натпреварот изјави дека проблем на неговиот тим е недостатокот на инстинкт на убијци.
„Она што понекогаш не можеме да го бараме од младите во овој тим е да бидеме апсолутно доследни и да бидеме убијци, како и другите играчи во лигата“, рече Лампард.
„Тие ќе го покажат ова на време, но нашите момци даваат добар придонес во моментот.
„Тие мора да бидат убијци на најдобар начин и се надевам дека луѓето ќе разберат што сакам да кажам. Нашите играчи се млади со многу потенцијал“, додаде тој.