Поминаа точно 10 години откако тројца играчи од ист клуб беа во потесниот избор за Златната топка.
За прв и единствен пат, тројца играчи од ист тим беа кандидати за Златната топка.
Наградата му припадна на Лионел Меси, кој потоа славеше пред своите соиграчи Чави Хернандез и Андрес Иниеста.
Барселона во тие години беше незапирлива благодарение на гореспоменатото трио, но сепак Меси се издвојуваше според статистиката и индивидуалниот квалитет, иако и самиот честопати велеше дека немаше да постигне ништо ако немаше со себе мајстори како Чави и Иниеста.
Во моментов Чави е тренер на Ал-Сад во Катар, Иниеста игра во Јапонија, додека Меси се уште е во Барселона.