Поминаа точно 30 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентациа. На 13-ти октомвир 1993 година Македонија гостуваше во Крањ на пријателски меч против Словенија. Победивме со 4:1. Првиот гол за Македонија Зоран Бошковски, популарниот Чоко. Во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски. Селектор на Македонија беше Андон Дончевски, а на тој историски мел дресот го носеа: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (Неџмедин Мемеди 61`), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски (Ванчо Мицевски 83`), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (Горан Георгиевски 11`, Сашо Милошевски 79`), Тони Мицевски.
На денешен ден, пред 30 години Македонија го одигра првиот фудбалски меч, погледнете го првиот гол во историјата (ВИДЕО)
